- Македонска авторска агенција ДОО
Децении искуство, стручност и доверба
Чест и особено задоволство ни е што низ годините остваруваме соработка со најистакнатите македонски автори од различни области на уметничкото и научното творештво.
Водени од мисијата да им обезбедиме на авторите сеопфатна, стручна и ефикасна поддршка, и да им овозможиме целосно да се посветат на својата креативна и научно-истражувачка работа, развивме широк спектар на услуги во областа на комерцијалното право и административното управување со авторските права.
- 70 години традиција
Заштита и унапредување на авторските права
На нашата професионална поддршка и посредување при склучување и реализација на авторски договори се потпираат илјадници индивидуални автори, како и бројни корисници на авторски дела од земјата и странство.
Ви стоиме на располагање доколку Ви се потребни подетални информации во врска со заштитата и остварување на Вашите авторски права, како и за можностите за законско користење на авторски дела од други автори.
Историјат
Од 1955 година, Македонска авторска агенција ДОО е столб на авторското право во Македонија. Со долгогодишно искуство и висок професионален углед, ние обезбедуваме целосна заштита и правна поддршка за автори, уметници и институции.
Нашата приказна:
Јануари 1955 година
Со седиште во Белград и застапништва во републиките, е основана Југословенска авторска агенција. Во Република Македонија, истата година е основана Авторска агенција – Застапништво за Македонија;
И промена на прописите за претпријатијата, застапништвото за Македонија прераснува во ООЗТ Авторска агенција на Македонија, како дел од РО Југословенска авторска агенција. Во тоа време, Работната Заедница за Заеднички служби во Белград ги извршуваше работите со странски автори во Југославија, како и домашни автори во странство;
Се формира друштво со ограничена одговорност

Јасмина Наскова
- Управител,
- Магистер по право на интелектуална сопственост,
- Застапник за заштита на правата од индустриска сопственост,
- Вешто лице од областа авторско право

Ивана Сердјук Тодоровска
- Референт за авторско право,
- Магистер по деловно право,
- Застапник за заштита на правата од индустриска сопственост,
- Положен правосуден испит

Емилија Младеновска
- Референт за авторско право,
- Магистер по право на интелектуална сопственост и информатичка технологија

Јагода Дуковска
- Референт за авторско право,
- Магистер по право – административна насока,
- Застапник за заштита на правата од индустриска сопственост

Илина Зафировска
- Раководител на сметководство и финансии,
- Економист,
- Овластен сметководител,
- Офицер за заштита на лични податоци

Нинослав Шанцлиќ
- Референт во сметководство и финансии,
- Економист,
- Овластен сметководител