Агенција која повеќе од 70 години ја негува традицијата на заштита и унапредување на авторските права во Република Северна Македонија.

Децении искуство, стручност и доверба

Чест и особено задоволство ни е што низ годините остваруваме соработка со најистакнатите македонски автори од различни области на уметничкото и научното творештво.

Водени од мисијата да им обезбедиме на авторите сеопфатна, стручна и ефикасна поддршка, и да им овозможиме целосно да се посветат на својата креативна и научно-истражувачка работа, развивме широк спектар на услуги во областа на комерцијалното право и административното управување со авторските права.

Заштита и унапредување на авторските права

На нашата професионална поддршка и посредување при склучување и реализација на авторски договори се потпираат илјадници индивидуални автори, како и бројни корисници на авторски дела од земјата и странство.

Ви стоиме на располагање доколку Ви се потребни подетални информации во врска со заштитата и остварување на Вашите авторски права, како и за можностите за законско користење на авторски дела од други автори.

Историјат

Децении искуство, стручност и доверба.
Од 1955 година, Македонска авторска агенција ДОО е столб на авторското право во Македонија. Со долгогодишно искуство и висок професионален углед, ние обезбедуваме целосна заштита и правна поддршка за автори, уметници и институции.

Нашата приказна:

1955.

Јануари 1955 година

Со седиште во Белград и застапништва во републиките, е основана Југословенска авторска агенција. Во Република Македонија, истата година е основана Авторска агенција – Застапништво за Македонија;

1974.
Со донесувањето на Уставот на СФРЈ во 1974

И промена на прописите за претпријатијата, застапништвото за Македонија прераснува во ООЗТ Авторска агенција на Македонија, како дел од РО Југословенска авторска агенција. Во тоа време, Работната Заедница за Заеднички служби во Белград ги извршуваше работите со странски автори во Југославија, како и домашни автори во странство;

1991.
По распадот на Југославија во 1991 година
Југословенската авторска агенција престанува да постои. Со осамостојувањето на Република Македонија и приватизацијата на општествениот капитал, Агенцијата добива статус на акционерско друштво;
2001.

Се формира друштво со ограничена одговорност

со полн назив Трговско друштво за заштита на авторски и сродни права – Македонска авторска агенција ДОО Скопје.

Јасмина Наскова

jasmina@avtorska.com.mk

Ивана Сердјук Тодоровска

ivana@avtorska.com.mk

Милан Смически

milan@avtorska.com.mk

Емилија Младеновска

emilija@avtorska.com.mk

Јагода Дуковска

jagoda@avtorska.com.mk

Илина Зафировска

ilina@avtorska.com.mk

Нинослав Шанцлиќ

ninoslav@avtorska.com.mk

Јасмина Петрова

jpetrova@avtorska.com.mk