Услуги и дејности

Печати PDF

Основната дејност на МАКЕДОНСКА АВТОРСКА АГЕНЦИЈА (МАА) ДОО е застапување на авторите во процесот на остварување на нивните авторски права, особено во однос на користењето на нивните дела. Агенцијата ги нуди следниве услуги:

-   Изработка на авторски договори;

-   Вршење на правна квалификација на авторските дела;

-   Изработка на договори за дело;

-   Издавање на фактури за исплата на авторски хонорари;

-   Исплата на авторски хонорари по барање на договорниот орган, а во согласност со даноците и другите прописи од областа на даноците и од областа на авторското право, со што целосно одговараме за нивната примена;

-   Трансфер на средства на автори и носители на авторско право во странство и обратно;

-   Гаранција за усогласеност со законските регулативи во Република С. Македонија;

-   Стручни совети и консултации во врска со прописите од авторското право и сродни права;

- Регистрација на авторски дела.


Покрај овие услуги Агенцијата посредува и во постапките за заштита на правата од индустриска сопственост (трговски марки и индустриски дизајн) пред Државниот Завод за Индустриска Сопственост.