Основање на Југословенска авторска агенција
Во јануари 1955 година, со седиште во Белград и застапништва во републиките, е основана Југословенска авторска агенција. Во Република Македонија, истата година е основано Авторска агенција - Застапништво за Македонија.
Реформи и трансформации
Со донесувањето на Уставот на СФРЈ во 1974 година и промена на прописите за претпријатијата, Застапништвото за Македонија прераснува во ООЗТ Авторска агенција на Македонија, како дел од РО Југословенска авторска агенција. Во тоа време, Работната Заедница за Заеднички служби во Белград ги извршуваше работите со странски автори во Југославија, како и домашни автори во странство.
По распадот на Југославија во 1991 година, Југословенската авторска агенција престанува да постои. Со осамостојувањето на Република Македонија и приватизацијата на општествениот капитал, Агенцијата добива статус на акционерско друштво. Од 2001 година, се трансформира во друштво со ограничена одговорност, со полн назив:
ТРГОВСКО ДРУШТВО ЗА ЗАШТИТА НА АВТОРСКИ И СРОДНИ ПРАВА МАКЕДОНСКА АВТОРСКА АГЕНЦИЈА ДОО - Скопје.
Агенцијата има истакната улога како советодавен орган, кој се специјализира во толкување и примена на одредбите од Законот за авторско право и сродните права во Република Македонија.
Македонската авторска агенција ДОО, со своето долгогодишно искуство и високо ниво на компетентност, се здоби со голем углед, како кај своите комитенти, така и кај државните органи и приватни субјекти со кои соработува.
Многубројни значајни автори кои оставиле неизбришлива трага во македонската култура биле корисници на услугите на Агенцијата, вклучувајќи ги:
Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Димитар Кондовски, Никола Мартиновски, Димо Тодоровски, Живко Чинго, Лазар Личеноски, Петар Мазев, Стале Попов, Ѓорѓи Абаџиев и многу други.